Баерн брзо се договори со новото германско чудо, но доби шокантно барање да плати 80 милиони

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Германија пренесуваат дека Штутгарт нема лесно да се откаже од услугите на Ник Волтемаде па бара сума од 80 милиони евра за продажба на напаѓачот.

Ник Волтемаде е новото германско чудо, имаше импресивни настапи изминатава сезона во дресот на Штутгарт, а особено блесна на Европското првенство за играчи до 21 година, каде со 6 погодоци и 3 асистенции се издвои и ги предводеше младите „панцери“ до финале.

Неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги, а Баерн Минхен побрза да го зграби напаѓачот и успеа да го убеди да се пресели на „Алианц Арена“, двете страни постигнаа вербален договор.

Но „баварците“ беа шокирани од трансфер сумата која ја побара Штутгарт, клубот од „Мерцедес Бенц“ арена постави прилично висока цена.

По интерните дискусии, Штутгарт одреди дека треба да пристигне понуда од најмалку 60 милиони евра за да седнат на преговарачка маса.

Но откако Баерн Минхен се договори со Ник Волтемаде, цената порасна на дури 80 милиони евра, и ова е еден начин со кој Штутгарт сака да порача дека фудбалерот не е на продажба.

Останува да се види дали шампионот на Германија е подготвен да бркне толку длабоко во џебовите.

ФОТО: X/VfB Stuttgart

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×