146
Баер Леверкузен инсистира на ангажман на Сеск Фабрегас како замена за Чаби Алонсо, но „фармацевтите“ работат и на план Б и ангажман на Ерик тен Хаг.
Чаби Алонсо го напушта Баер Леверкузен, младиот стратег не можеше да го одбие својот поранешен клуб Реал Мадрид.
Па Баер Леверкузен е во потрага на нов тренер и прв пик е Сеск Фабрегас. Преговорите се во тек, Шпанецот сака да се пресели во Бундеслигата, но Комо не планира лесно да се откаже од стратегот.
Доколку не биде пронајден компромис, „фармацевтите“ ќе се насочат кон планот Б, односно кон ангажман на Ерик тен Хаг.