Бадијала новиот блесок на Волтемаде, Халанд го реши Евертон во Манчестер (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Брајтон ја искористи домашната предност и на „Амекс“ славеше против Њукасл Јунајтед со 2-1 во натпревар од осмото коло на Премиер лигата. Херој на „галебите“ беше искусниот Дани Велбек кој постигна два гола и му донесе важни три бода на својот тим. Иако Њукасл се закани во второто полувреме, кога новото засилување Ник Волтемаде со мајсторски погодок со пета израмни на 1-1, домаќините успеаја да го вратат водството и да го приведат мечот до крај во своја корист.

Манчестер Сити славеше над Евертон со 2-0 на „Итихад“ благодарение на двата погодоци на Ерлинг Халанд. Норвежанецот прво погоди по нафрлување од О’Рајли, а потоа со нова реакција во петерецот ја запечати победата на „граѓаните“.

Кристал Палас и Борнмут ремизираа во луд натпревар (3-3). Поведоа гостите на „Селхрст Парк“ со головите на Купи, а Матета го враќаше домашниот тим од двојна негатива. Драмата кулминира во завршницата, бидејќи Кристи донесе ново водство за Борнмут, меѓутоа беше поништено преку Матета кој го комплетира хет-трикот.

Во останатите средби Барнли го совлада Лидс со 2-0, а Сандерленд беше минимално подобар од Вулверхемптон со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×