Нико Вилијамс ги налути навивачите на Атлетик Билбао откако јавно изрази желба да го напушти клубот и да се пресели во Барселона, поради тоа неколкупати муралот му е уништуван од страна на незадоволните фанови.
На 27 јуни за првпат беше уништен муралот, по што властите решија да го обноват, меѓутоа истиот издржа само 15 часа пред да биде повторно оштетен.
Муралот повторно беше обновен по критиките од јавноста, но навивачите не планираат да запрат и по трет пат го оштетија истиот.