Синоќешната одлука на Беса да го расформира првиот тим значи дека сите три екипи кои ги загубија баражите за Втора македонска фудбалска лига (ВМФЛ) ќе играат во неа.
Воска, Гостивар и Беса се откажаа, а тоа значи дека овие три клуба нема да играат во Втората лига, со тоа се ослободија три места кои ќе бидат пополнети со оние кои ги играа баражите.
За Воска и Гостивар беше јасно дека ќе почнат од најнизок ранг и тоа откако ќе заврши наредната сезона во која се суспендирани.
Поразени во баражите беа Осогово, Преспа и Големо Коњари, се очекуваше со ждрепка да биде одредено кои две екипи ќе бидат во Втора лига за да ги пополнат местата кои ги ослободија Воска и Гостивар.
Но, откажувањето на Беса значи дека ќе нема ждрепка, па сите три поразени ќе бидат второлигаши.
Екипи кои ќе играат во Втората лига во сезоната 2025/26: Брегалница, Беласица, Победа, Детонит, Охрид, Саса, Кожуф, Скопје, Новаци, Вардар Неготино, Слога Виница, Тетекс, Шкендија Арачиново, Осогово, Големо Коњари, Преспа.
Во меѓувреме ФФМ донесе одлука за намалување на лигата од сезоната 2026/27 од 16 на 14 екипи, за тоа ќе донесе и голема борба за опстанок наредната сезона.