Азар се смее на гласините: Не сум глупав да се тепам со Вертонген, поголем е од мене

by
1 минути читање

Информациите велеа дека има голема тензија во белгиската репрезентација, имало и обиди за физичка пресметка, а Лукаку ги смирувал завојуваните страни.

Една од гласините беше и дека Азар и Вертонген сакале физички да се пресметаат. Но играчот на Реал Мадрид ги демантира таквите написи.

„Ништо не се случи по мечот со Мароко. Не сме имале никакви дискусии со Вертонген, не па да се случило нешто посериозно. Не сум глупав да се тепам со него, тој е многу поголем од мене“, вели Азар.

„Само му кажав дека не е брз како порано, а тој ми рече дека сум во право“.

Белгија во четврток игра против Хрватска, потребна им е победа за да се пласираат во осминафиналето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани