Азар нема намера да замине од Реал, знае дека никој друг нема да му даде толкава плата

by
1 минути читање

Еден Азар е
најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, но „кралевите“ видоа малку
аир од трансферот. Фудбалерот од Белгија никако да се наметне во првиот тим и
да покаже дел од мајсториите кои ги правеше во дресот на Челси.

Се говори дека
„кралевите“ сакаат летоска да се разделат со Еден Азар, но според новинарот Марио
Кортегана, фудбалерот нема немера да замине од Мадрид и планира во целост да го
одработи договорот со трајност од јуни 2024.

Една од причините
е тоа што семејството на Еден Азар се чувствува добро во Мадрид и не сака да ја
промени средината.

Секако и парите
играат улога, Еден Азар е еден од најплатените на „Бернабеу“ и знае дека ниту
еден друг клуб нема да му даде толкава плата.

Реал и претходно
имаше вакви проблеми, тешко се ослободуваше од Герет Бејл кој иако не играше, поради
високата плата и животот во Мадрид не прифаќаше трансфер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани