Азар дојде во Реал од Челси за 115 милиони евра, но излезе најлошиот трансфер во историјата, зашто Белгиецот не е ни бледа сенка од фудбалерот кој газеше во дресот на Челси, па скоро да не добива минутажа откако влезе во „вртлог од повреди“ и прекумерната тежина го спречија да достигне некое посериозно ниво на подготвеност.
Марио Кортегана, шпанскиот дописник на најугледниот англиски весник „Атлетик“, објави дека Азар не сака да си оди од Реал и дека негова цел е да го испочитува договорот кој му истекува идното лето.
А, причината не мора да се нагаѓа, тоа е големата плата која ја има. Азар од Реал заработува 450 илјади евра неделно и од овие слатки пари нема шанса да се откаже.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.