91
Челси го искористи ремито на Арсенал кај Брајтон и се одлепи на два бода повеќе од ривалот во трката за четвртата позиција на табелата.
По една грешка во средината на теренот на Ватфорд, Челси изведе брз напад во судиското продолжение од првиот дел и Азар елегантно го помина голманот и ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.
Но во судиското продолжение од првиот дел беше постигнат уште еден гол, овој пат Переира со убав волеј изедначи на 1-1.
По десетина минути игра во второто полувреме Азар беше фаулиран од голманот Фостер во неговиот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка. Белгиецот го изведе пеналот и не погреши, постигна гол за победа од 2-1.