664
Белгиецот летото
во 2019 го напушти Челси за да си го оствари сонот и да го облече дресот на
„кралевите“, но неговата авантура во Мадрид не оди според планот. Тој често се
мачи со повреди па никако да блесне во Реал.
Последните
информации од Шпанија говорат за изненадувачки трансфер и враќање на „Стемфорд
Бриџ“.
„Дефенса Сентрал“
пренесува дека Челси сака да го купи Еден Азар и тоа за половина цена односно
40-50 милиони евра.
Реал Мадрид за
неговите услуги плати 100 милиони евра, плус бонуси.