4
Австрија со 3-1 ја совлада селекцијата на Јордан во меч од првото коло на Светското првенство, два од трите погодоци беа прекрасни.
Резултатот беше отворен во 21. минута кога по една долга акција, Шмид постигна фантастичен гол од далечина за водство на Австрија од 1-0.
По пет минути игра во вториот дел, контра напад на Јордан кој со супер гол го реализираше Олван за израмнување на 1-1.
Во 67. минута Австрија се израдува на нов гол, но тој беше поништен поради игра со рака на Арнаутовиќ.
Десет минути подоцна Ал Араб си даде автогол за водство на Австрија од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Арнаутовиќ со гол од пенал во судиското продолжение од натпреварот.