Во последниот
натпревар од 9. коло во Премиерлигата, Лестер со 4-0 ја доби пресметката против
Нотингем Форест за прва победа оваа сезона.
Џејмс Медисон го
отвори резултатот во 25. минута со многу среќа откако топката удри еден
гостински фудбалер и го промени правецот. Само 100 секунди подоцна, домаќините поведоа со 2-0 со
голот на Харви Барнс, кој
убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот.
Во 35. минута,
Џејмс Медисон биеше мајсторски од слободен удар и го матираше Хендерсон за 3-0.
Точка на
натпреварот стави Престон Дака, кој во 73. минута атрактивно реализираше со
пета за голема радост на „Кинг Пауер“ стадионот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.