Откако на почетокот од оваа недела потпиша за „Црвените ѓаволи“, заедно со Алексис Санчез во Манчестер се преселија и неговите две кучиња.
Чилеанецот веднаш се пофали на социјалните мрежи дека Атом и Хамбер добиле соодветни дресови од Манчестер јунајтед, но златните ритривери сега се и причина за првиот проблем од новата авантура на играчот.
Како што пренесуваат медиумите од Англија, хотелот „Лоури“ во кој е сместен Алексис Санчез има забрана за престој на домашни миленици.
Чилеанецот добил посебна дозвола за своите златни ретривери, но до управата на хотелот пристигнале неколку поплаки од други гости, па Алексис Санчез ќе треба да бара ново живеалиште за Атом и Хамбер.
„Ако се работеше за некој нормален човек, сигурно немаше да му дозволат. Не можат да ги менуваат правилата бидеќи се работи за славна личност“ – се пожалил еден гостин до Сан.
Од хотелот се правдаат дека од време на време на специјални гости им дозволуваат престој на миленичиња но под услов тие да ја подмират сметката за детално чистење.