Екипите кои за противници имаат клубови од Англија во Европа, изминативе денови бараат алтернативни терени за да не изгубат службено. Поради новиот сој на ковид-19 во Велика Британија, речиси сите имаат рестрикции и забрани за патниците од „островото“ па тоа прави проблеми при организација на натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа.
РБ Лајпциг ќе го пречека Ливерпул во Будимпешта, а за истата локација се реши и Борусија Менхенгладбах за својата пресметка со Манчестер Сити. Реал Сосиедад ќе игра во Торино против Манчестер јунајтед, а Бенфика ќе се сретне со Арсенал во Рим.
Денеска пристигна информација и за промената која е направена за пресметката помеѓу Атлетико Мадрид и Челси. „Колчонероси“ се решија за „Националната Арена“ во Букурешт, стадион кој им буди убави спомени и местото на кое во 2012 стигнаа до триумф во Лига Европа.
Натпреварот од осминафиналето во ЛШ се игра на 23. февруари со почеток во 21 часот.