Атлетико во очајни обиди да го задржи Ернандез, помага и Гризман

by
1 минути читање

Баерн Минхен има
намера да ја активира откупната клаузула на Лукас Ернандез од редовите на
Атлетико Мадрид, која изнесува 80 милиони евра, тоа би можело да се случи уште
во јануарскиот преоден рок, а шпанскиот прволигаш прави максимални напори да го
задржи Французинот барем до идното лето.

Атлетико
најнапред ја демантираше информацијата која во јавноста ја објави Марка
минатата седмица, со која се наведоа плановите на Баерн Минхен, а сега тимот од
Мадрид притиска таа операција да сопре.

Од раководството
на клубот веќе имале разговори со Ернандез за да се предомисли, а истото го
сториле и неговите соиграчи во соблекувалната, вклучувајќи го и Антоан Гризман,
но, се шпекулира дека фудбалерот не сака да ја промени својата одлука за
трансфер во редовите на Баерн Минхен.

Сепак, вреди да
се издвои фактот што Баерн Минхен има одличен однос со Атлетико Мадрид на
клупски план, па не се исклучува можноста Германците да ја откажат оваа
операција за идното лето, а воедно да го добијат фудбалерот за помала сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани