Атлетико се налути: Уште една лага на Барселона

by bojan
1 минути читање

Од таборот на Атлетико Мадрид брифираа дека не добиле понуда од Барселона за услугите на Хулијан Алварез, и порачуваат дека напаѓачот не е на продажба.

Атлетико Мадрид е бесен поради шпекулациите кои го поврзуваат Хулијан Алварез со Барселона, веруваат дека зад целата приказна стои организирана кампања за дестабилизирање на клубот.

Откако попладнево се појавија информации (веста ја пренесе и добро информираниот Фабрицио Романо) дека Барселона испратила понуда од 100 милиони евра, клубот од „Метрополитано“ веднаш излезе со демант.

„Уште една лага на Барселона“ – порачуваат од Атлетико по написите за предлог „тежок“ 100 милиони евра.

Покрај категоричното негирање дека пристигнала било каква понуда, Атлетико Мадрид инсистира дека Хулијан Алварез не е на продажба, дека Аргентинецот има договор до 2030 година и откупна клаузула од 500 милиони евра.

Додаваат дека дури и да пристигне понуда, таа нема да биде разгледана, и покрај тоа што некои сметаат дека ова е совршен момент за добра заработка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×