408
По драмата против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, денеска Атлетико Мадрид одигра уште еден меч со спектакуларен крај.
Уште не помина првата минута, а Кадиз даде гол за водство од 1-0 преку Бонгонда, Фернандез во 81. минута погоди за 2-0.
Четири минути подоцна Ернандез си постигна автогол за 2-1, а Жоао Феликс погоди во 89. минута за 2-2. Во тие моменти се чинеше дека Атлетико Мадрид ќе избегне пораз, но не беше така.
Во 99. минута Собрино даде гол за победа на Кадиз од 3-2. Тој со рака ја удри топката, но тоа му беше залепена на телото па голот беше признаен.