Атлетико Мадрид го ангажираше најдобриот стрелец помеѓу дефанзивците во топ 5 првенствата во Европа

by
1 минути читање

Диего Симеоне ги
решава проблемите со десната бековска позиција со ангажман на Науел Молина од
Удинезе. По долги преговори, трансферот официјално е комплетиран и Аргентинецот
стави потпис на петгодишен договор.

Детали од зделката
не се откриваат, се шпекулира дека се работи за вкупна сума од околу 27-28
милиони евра, односно фиксна сума од 10-12 милиони евра, плус додатни 6 милиони
евра во бонуси, плус услугите на Неуен Перез, кој се проценува на 10 милиони
евра.

Науел Молина
минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите бекови во Серија А, и со 7
погодоци беше најдобриот стрелец помеѓу дефанзивците во топ 5 првнествата во
Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани