Неодамна беше објавено дека Кристофер Нкунку во тајност одработил лекарски прегледи и Французинот беше најавен како прво засилување на „сините“ летото во 2023 година.
„Атлетик“ сега објави нови детали и пренесе дека Кристофер Нкунку веќе има пред-договор со клубот од Стемфорд Бриџ.
Во неговиот договор со РБ Лајпциг има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Челси ќе плати повеќе од оваа сума за да го ангажира напаѓачот.
„Атлетик“ објаснува дека „сините“ се решиле на еден ваков чекор бидејќи откупната клаузула се активира следното лето, а тие не сакаат да чекаат до тогаш и да ризикуваат други клубови да се приклучат во трката, па ќе платат неколку милиони екстра за да го обезбедат потписот на Кристофер Нкунку.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.