Атлетик одговори на протестите на Реал: Карвахал му скрши нога на Јури…

by bojan
1 минути читање
Карвахал

Претседателот на Атлетик Билбао, Јон Уриарте го коментираше протестот кој го упати Реал Мадрид до судиите, вели дека пред неколку години Дани Карвахал му скршил нога на Јури Берчиче, но добил само жолт картон.

Реал Мадрид со години преку својот ТВ канал ги критикува судиите и се жали дека е оштетен со спорни одлуки, а по поразот од Еспањол, „кралевите“ испратија и официјален протест до Фудбалската федерација на Шпанија.

Ова предизвика реакции од другите клубови, кои не се сложуваат со протестот на Реал Мадрид.

Од таборот на Атлетик Билбао посочуваат еден инцидент од сезоната 2022/23.

„Игравме на Бернабеу, беше последен натпревар во сезоната. Карвахал стартуваше опасно и му ја скрши ногата на Јури. Тој натпревар го завршивме со играч помалку бидејќи веќе ги имавме направено сите замени, а Реал го заврши натпреварот со сите играчи бидејќи Карвахал доби само жолт. Останавме без настап во Европа поради овој инцидент“ – вели претседателот на Атлетик Билбао, Јон Уриарте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани