Уште кога летоска Ерлинг Халанд потпиша со Манчестер Сити низ медиумите кружеа гласини за откупна клаузула со која Норвежанецот полесно ќе може да замине од „Етихад“.
Минатата недела темата одново се актуелизираше откако од Шпанија пристигна информација дека Реал Мадрид е клубот кој ќе има бенефиции од откупната клаузула.
Пеп Гвардиола ги негираше ваквите стории, но медиумите продолжија да инсистираа дека во договорот на Ерлинг Халанд има откупна клаузула.
„Атлетик“ денеска пишуваше поопширно на оваа тема и пренесе дека Ерлинг Халанд има откупна клаузула која се активира во 2024 и изнесува 200 милиони евра.
Сепак, клаузулата не важи за сите клубови, односно ривалите на Манчестер Сити од Премиерлигата не можат да ја активираат, па Ерлинг Халанд ќе може да направи трансфер само во некој друг гигант од Европа како Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ или Баерн Минхен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.