Атлетик Билбао со 3-1 ја победи Рома и со вкупни 4-3 се пласира во четвртфиналето од Лига Европа, вториот римски клуб продолжи понатаму откако одигра 1-1 со Викторија Плзен и со вкупни 3-2 избори место меѓу најдобрите осум.
Клучниот момент на мечот во Баскија се случи рано во натпреварот, Хумелс заработи црвен картон и ја остави Рома со десет фудбалери.
A Hummels le sacaron roja por esto eh,menudo atraco le está metiendo el Athletic a la Roma pic.twitter.com/AxLhhoSJvn
— Marcinho (@CasadoFCB) March 13, 2025
Тоа го искористи Билбао кој дојде до победа и пласман во четвртфиналето. Нико Вилијамс го даде првиот и последниот гол, а погодок постигна и Берчиче, почесниот гол за Рома се случи во 92. минута кога Паредес погоди од пенал.
Лацио со предност од 2-1 го почна денешниот меч против Викторија Плзен, но Чесите во 52. минута поведоа преку Шулц и ја анулираа негативата од првиот меч.
Но, во 77. минута Ромањоли даде гол за конечни 1-1 и пласман на Лацио во следното коло.
Ајнтрахт Франкфурт со 4-1 го совлада Ајакс и со вкупни 6-2 оди во четвртфиналето од Лига Европа.
Таму ќе биде и Бодо/Глимпт кој со 2-1 загуби кај Олимпијакос, но претходно на домашен терен победи со убедливи 3-0.