По неуспешниот
обид за враќање на Ромелу Лукаку, Интер разгледуваше неколку опции за
засилување на нападот и изборот падна на Џанлука Скамака.
„Нероаѕурите“
имаа еден неуспешен обид и со вториот предлог вреден 24+4 милиони евра се
доближија до сумата која ја бара Вест Хем.
Сепак, Аталанта
му ги мати плановите на Интер и по рекордната продажба на Расмус Холунд во
Манчестер јунајтед вредна 75+10 милиони евра, имаат пари за трошење и се
подготвени да платат повеќе.
Се шпекулира дека
„нероаѕурите“ од Бергамо се подготвени на Вест Хем да му платат 25+5 милиони
евра, а на Џанлука Скамака да му дадат плата од 3,2 милиони евра по сезона
(предлогот на Интер до играчот е плата од 3 милиони евра по сезона).
Останува да се
види кој ќе ја добие битката, одредени извори пренесуваат дека Интер веќе
отворил дијалог со Удинезе за Бето.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.