Кавгата меѓу Пепу Гомез и тренерот Гасперини е толку голема што двете страни нема шанси да се помират. Капитиенот на Аталанта ќе замине во јануари, а наскоро неговиот агент ќе има средба со раководството на клубот.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Гомез барал да биде ослободен од обврските кон клубот и бесплатно да замине во нова средина.
Но, Аталанта нема намера да му го дозволи тоа, особено што реални се шансите тој да засили некој од ривалите. Тие ја одредија цената, а таа е 10 милиони евра.
Се шпекулира дека Интер и Милан се првите кандидати за потписот на Папу Гомез, а тоа му одговара на Аргентинецот бидејќи Милано е соседен град на Бергамо па тој не мора ниту да го менува живеалиштето.
Актуелниот договор на Гомез со Аталанта е со трајост до јуни 2023 година, тој годишно заработува 2,5 милиони евра и во февруари ќе наполни 33 години.