4
Аталанта по повеќе од три децении реши да го промени клупскиот грб. Досегашното лого, кое беше во употреба од 1993 година, заминува во историјата, а клубот од Бергамо се одлучи за многу поедноставен дизајн.
Новиот симбол на Аталанта ќе биде само силуетата на хероината од грчката митологија по која клубот го носи името, без натписот на клубот, годината 1907 и препознатливата црно сина позадина.
Промената официјално беше претставена на натпреварот против Фиорентина, кој заврши без победник 1-1.
Силуетата на Аталанта со години е заштитен знак на клубот, а сега ќе биде и единствениот елемент на новото лого на италијанскиот тим.
Atalanta. All that matters 🖤💙 pic.twitter.com/BIH7F2Xltu
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) May 22, 2026