Астон Вила со гол во 93. минута ја прекина победничката серија на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пријателскиот натпревар се играше во Перт, Австралија, Манчестер јунајтед во мечот влезе со три победи од исто толку натпревари во подготовките.

Одлично почна и на овој меч, поведе во 25. минута со гол на Џејдон Санчо по асистенција од Лук Шо.

На три минути пред крајот на првото полувреме, Кеш си постигна автогол и ја зголеми предноста на Манчестр јунајтед на 2-0.

По само четири минути игра во второто полувреме, Астон Вила се врати, Бејли даде гол и намали на 2-1.

Долго време беше актуелен тој резултат, се чинеше дека Јунајтед ќе дојде до нова победа, но во 93. минута Чемберс погоди со глава и израмни на 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани