Астон Вила со 50 милиони евра ќе тргне по фудбалер на Барселона

by bojan
1 минути читање

Астон Вила нема да се обиде да го задржи Маркус Рашфорд, клубот од Бирмингем со 50 милиони евра ќе тргне по потписот на Феран Торес од Барселона.

Астон Вила има опција вредна 40 милиони фунти (околу 45 милиони евра) за перманентен трансфер на Маркус Рашфорд, но една ваква зделка нема да се реализира.

Последните информации велат дека клубот од Бирмингем со 50 милиони евра ќе тргне по услугите на Феран Торес.

Спортскиот директор на Астон Вила, Мончи е тој кој притиска за еден ваков трансфер и верува дека Шпанецот ќе донесе значителен квалитет во нападот.

Интересно, во исто време Маркус Рашфорд се поврзува со Барселона, се говори дека „каталонците“ се клубот од соништата на Англичанецот, кој е подготвен да прифати и помала плата за да се реализира еден ваков трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани