Астон Вила потврди две засилувања за 60 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Астон Вила утрово ги потврди трансферите на Метео Руџери од Атлетико Мадрид и Зион Сузуки од Парма во зделки вредни околу 60 милиони евра.

Клубот од „Вила Парк“ продолжува да се засилува, откако инвестираше 100 милиони евра во ангажман на Јохан Манзамби и Жоао Гомеш, пристигна и Алехандро Гарначо на позајмица од Челси, а денеска беа потврдени и две нови имиња.

Астон Вила утрово прво го соопшти ангажманот на левиот бек Матео Руџери од Атлетико Мадрид, а половина час подоцна пристигна и информација за потпис со голманот Зион Сузуки од Парма.

Двете зделки се вредни околу 60 милиони евра, односно ќе бидат платени околу 25 милиони евра за Метео Руџери, и 35 милиони за Зион Сузуки.

ФОТО: X/Aston Villa

Можно е и ова да ти се допаѓа

×