Aстон Вила минимално слави на „Виталити“ и трета година во низа ќе игра во Европа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Астон Вила трета сезона во низа избори излез на евро-сцената, откако славеше минимално на гостувањето на „Виталити“ кај Борнмут (0-1) во 36. коло на Премиер лигата.

Откако во сезоната 2023/24 играше во Конференциската лига, а во тековната настапи во Лигата на шампионите и дотурка до четвртфиналето, одново момците на Унаи Емери изборија Европа на две кола пред крајот. Сепак, она што е поважно е фактот дека уште се во трката за Лигата на шампионите. Астон Вила стигна до 63 бода, исто колку што имаат Њукасл и Челси, а тие в недела играат меѓусебе.

Денешниот натпревар против Борнмут го реши Оли Воткинс со единствениот гол постигнат во шестата дополнителна минута на првото полувреме.

До крајот на сезоната Астон Вила ја очекуваат две дерби пресметки против Тотнем и Манчестер Јунајтед, но тие веќе се „откажани“ од Премиер лигата и фокусирани на меѓусебното финале во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани