Навивачите на израелскиот клуб Макаби Тел Авив нема да можат да присуствуваат на гостувањето кај Астон Вила во Лигата на Европа. Натпреварот е закажан за 6 ноември на „Вила Парк“, а одлуката ја донесоа англиските власти поради безбедносни причини.
Полицијата на Западен Мидлендс и локалните служби процениле дека постои висок ризик од инциденти и протести околу стадионот, па на израелските навивачи им е изречена целосна забрана за влез. Потегот на властите предизвика бројни реакции во Велика Британија. На темата се огласи и британскиот министер Кир Стармер, кој кажа:
„Ова е погрешна одлука. Нема да толерираме антисемитизам на нашите улици. Улогата на полицијата е да обезбеди сите навивачи да можат да уживаат во фудбалот без страв“.
Од Астон Вила потврдија дека сè е направено во консултација со УЕФА, Макаби и локалните власти, нагласувајќи дека безбедноста на сите учесници и граѓани е приоритет.