Дека ова ќе биде ден на Воткинс, дознаваме рано во натпреварот. Тој направо донесе водство во 14. минута, а седум минути подоцна постигна и втор погодок.
Во 26. минута Еступинан си постигна автогол за веќе убедлива предност на Астон Вила од 3-0.
По пет минути игра во второто полувреме, Ансу Фати го постигна својот деби гол за Брајтон со кој намали н 3-1 и внесе некаква надеж во својот тим дека може да се остане непоразен.
Но, 15 минути подоцна Воткинс комплетираше хет-трик за водство од 4-1, веќе немаше дилеми кој ќе победи.
На пет минути до крајот Воткинс се јави во улога на асистент, Ремзи постигна гол за 5-1, а пред последниот свиреж на судијата гол даде и Даглас Луис за конечни 6-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.