Астон Вила го победи Њукасл – битката за ЛШ во Премиер лигата ќе биде „жешка“! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Астон Вила славеше убедлива победа од 4-1 над Њукасл и така ја направи битката за Лигата на шампионите во Премиер лигата супер интересна.

Домашниот состав стигна до предност по само 30-тина секунди игра кога стрелаше Воткинс. Њукасл успеа да израмни во 18-тата минута преку Шар.

Во второто полувреме Астон Вила беше подобриот тим на теренот и заслужено постигна три гола за триумф. Стрелаа Матсен и Онана, додека Бурн ја погоди сопствената мрежа.

Астон Вила сега е шеста на табелата со 57 бода колку што има Нотингем, Њукасл е трет со 59, Манчестер сити на четвртата има 58, а зад Вила се Челси со 54 и Бормут со 49.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани