185
Реал Мадрид убедливо
славеше против Валенсија и покрај тоа што првото полувреме не навестуваше таков
исход. Родриго ја погоди стативата, а гостите успеја и да ја затресат мрежата
на Куртоа, но ВАР спасуваше и го поништи голот на гостите поради офсајд.
Но во второто
полувреме сликата на теренот беше сосема поинаква, Реал заигра подобро и го
отвори резултатот по еден час игра, Азар му асистираше на Бензема за 1-0.
Во 74. минута,
домаќините поведоа со 2-0. Асенсио, кој се врати на терените по 11 месеци
пауза, со својот прв допир и по само 30 секудни поминати во игра ја затресе мрежата на Валенсија.
Во финишот точка
на натпреварот стави Карим Бензема со својот втор погодок.