Артур сега сака во Јувентус, но Барселона бара доплата поради две причини

by
1 минути читање

Бразилецот во
неколку наврати им кажа НЕ на „бјанконерите“ но Фабио Паратичи не се откажа и
последните информации велат дека спортскиот директор на Јувентус конечно добил
сигнали дека Артур Мело е подготвен да се пресели во Торино.

Фудбалерот се
предомислил откако Јувентус му понудил плата од 5 милиони евра годишно, два
ипол пати повеќе од она што во моментов го заработува на Камп Ноу.

Сега сите детали
ќе треба да се испеглаат до крајот на месецот, за зделката да влезе во
балансите за оваа финансиска година, или во спротивно ќе пропадне.

Извештаите исто
така велат дека Барселона бара Јувентус да доплати десетина милиони поради две
причини. Првата е разликата во години, Артур е далеку помлад од Пјаниќ, а
втората е платата, Бразилецот има помали примања од Босанецот.

Наводно Барселона
го цени Артур на 80 милиони евра, додека пак Пјаниќ на 70 милиони евра. Ова се прилично
високи суми, па можно е да се наменети за „штелување“ сметките и искажување
големи профити од трансферите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×