По долги
шпекулации, на крајот од јуни, Артур потпиша за Јувентус во зделка во која во
обратен правец замина Миралем Пјаниќ. Двајцата фудбалери сепак останаа во
своите клубови до крајот на август и завршницата од Лигата на шампиони.
И додека Миралем Пјаниќ
беше клучен играч за Јувентус во битката за ново Скудето, Артур Мело не доби ниту
една минута од Кике Сетиен.
Последните
информации велат дека Артуро Мело кренал бунт, и наместо денеска да се појави
на тестирање за коронавирус, тој го известил раководството на Барселона дека
летнал за родниот Бразил.
И покрај тоа што му
било кажано дека нема дозвола за ваква авантура и дека ризикува парична казна за прекршување
на договорот, Артур Мело одбил да се врати, порачал дека нема намера повеќе
да игра оваа сезона и сака уште сега да раскрсти со „каталонците“.
Наводно тој бил
разочаран од притисокот кој му бил извршен за трансфер во Јувентус и тоа што
Барселона го прсилила да се пресели во Торино кога неговата желба била да
проодлжи на Камп Ноу.