Артур и Пјаниќ денеска ќе имаат медицински тестови во Торино, големата размена е во процес на реализација

by
1 минути читање

Двајцата фудбалери иако одат во спротивен правец, медицинските тестови ќе ги поминат во Торино, во медицинскиот центар на Јувентус.

Иако е невообичаено, поради пандемијата на коронавирус, полесно за Пјаниќ е медицинските тестови да ги направи во Торино во присуство со медицинско лице и од Барселона.

Тие ќе влезат низ посебен влез со цел да избегнат средби со фанови и новинари.

До крајот на денот се очекува да биде соопштено дека двајцата ги поминале медицинските тестови по што ќе се премне кон финалните формалности за комплетирање на трансферот.

Артур ќе оди во Јувентус за 70 милиони евра, додека Пјаниќ во Барса за 60 милиони евра, тоа значи дека италијанскиот клуб ќе треба да доплати 10 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×