Aртета знае што му недостасува: Арсенал тргнува по засилување за кое скапо ќе треба да плати!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Арсенал во летниот преоден рок би можела да се засили во нападот, а Микел Артета има една голема желба.

„Топчиите“ не успеаа да освојат ниту еден трофеј, стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампионите, а во Премиерлигата завршија на второто место, па така во наредната сезона сакаат да го направат тој исчекор кој им недостасува.

За да направи чекор напред и конечно да стигне до титула во едно од двете најпрестижни натпреварувања, Премиерлигата или Лигата на шампионите, Артета верува дека му недостига уште еден клучен елемент: Родриго.

Реномираниот мадридски новинар Марио Кортехана денеска објави дека „Артета е заљубен во Родриго“, дека „долго го следел и детално го анализирал“, верувајќи дека токму тој би бил совршено лево крило за неговиот Арсенал.

Токму тоа може да биде пресуден фактор и за самиот Бразилец кој конечно би добил шанса да игра на својата омилена позиција, на левото крило, нешто што му е оневозможено во Реал Мадрид поради Винисиус Жуниор.

Кортехана додава дека Артета искрено посакува трансфер уште ова лето и чека Родриго да добие јасна слика за својот статус кај новиот тренер на „Кралевите“, Чаби Алонсо. Се шпекулира дека Бразилецот нема да биде стандарден стартер.

Доколку тоа се потврди, Арсенал ќе тргне во сериозна офанзива за негов ангажман. Сепак, јасно е дека лондонскиот клуб ќе мора да издвои сума над 90 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани