Рахим Стерлинг изгледа исклучително мотивирано на тренинзите на Арсенал откако пристигна во овој клуб, Микел Артета е импресиониран од мотивацијата на фудбалерот на Челси.
Се очекува Стерлинг првите минути во дресот на Арсенал да ги добие веќе утре на големото дерби кај Тотнем.
„Можам да видам дека е гладен за успех. По само 10 секунди знаев дека треба да го земеме“, вели Артета.
„Тој изгледа одлично. Најпрво поради големата насмевка на неговото лице. Има многу енергија и сака да докаже поента“.
„Првите зборови кои ми ги кажа Рахим Стерлинг беа: Сонував за овој повик!. Тоа е тоа“.
„Тој веќе размислувал да дојде кај нас, па конверзацијата беше навистина лесна, тој навистина сакаше да ни се приклучи“.