Микел Артета го честита пласманот на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, ама нагласи дека Арсенал сезонава не бил наигран од ниту еден противник. Реванш дуелот на „Паркот на принцовите“ парижани го добија со 2-1, а со тоа си закажаа финале со Интер.
„Честитки за ПСЖ за пласманот во финалето. Кога ќе ги погледнете двата натпревари, нивниот најдобар фудбалер беше голманот и направи разлика. Бевме многу блиску до финале, поблиску од што покажуваат резултатите, но, за жал, не успеавме. Горд сум на играчите. По првите 20 минути требаше да водиме со 3-0. Во вакво натпреварување мора нешто да се склопи во ваша полза, а кај нас тоа не се случи. Во голем дел од двомечот бевме подобриот тим, но не успеавме да го материјализираме тоа. Немам дилема, 100% сум сигурен дека никој не не’ надигра во оваа сезона од Лигата на шампионите“, нагласи Артета.
Арсенал ќе ја заврши сезоната без ниту еден трофеј, откако испадна од англиските купови и не беше доволно конкурентен во Премиер лигата.
Фото/Photo: UEFA