Манчестер Сити го
откажа Ливерпул во обидите да ја освои титулата во Премиерлигата сезонава во
градското дерби со Евертон во недела, совладувајќи го на свој терен со убедливи
3-0 составот на Арсенал со погодоците на Стерлинг, Де Брујне и Фоден.
Многу бурни
реакции следеа од навивачите на Арсенал поради катастрофалното издание на Давид
Луиз, кој по мечот ја презеде одговорноста и наведе дека вината за поразот е
лично негова, меѓутоа уште една чудна ситуација имаше во Арсенал, а се однесува
на одлуката на Микел Артета да го изостави Месут Озил целосно од дербито.
Не само што не
беше стартер, Германецот го немаше ниту во поширокиот список за дербито, иако
во текот на подготвителниот период постојано на социјалните мрежи наведуваше
колку е нестрплив за продолжување на сезоната во Премиерлигата, но, иако не е
повреден, не беше во комбинација за настап, а Артета даде кусо објаснување за
својата одлука.
„Одлуката е
поради тактички причини“ наведе Артета, кој за дербито пикираше млад тим
составен од Нкетиа, Сака, Вилок и Гендузи кои почнаа од првата минута.
За Арсенал и
натаму претстои битка за излез во Европа идната сезона, во сабота „Топчиите“
гостуваат кај Брајтон, а во моментов по 29 одиграни кола во Премиерлигата,
заостануваат пет бода зад петтопласираниот Манчестер јунајтед, односно осум во
однос на Челси.