Артета сега е поконкретен во објаснувањето за Озил, а Германецот испрати „шифрирана“ порака (ФОТО)

by
2 минути читање

Нови турбуленции
во составот на Арсенал, особено по убедливиот пораз на гости кај актуелниот
првак во Премиерлигата, Манчестер Сити (3-0) во рестартот на сезоната, поразот
не е изненадување, меѓутоа околностите секако.

Давид Луиз „кумуваше“
во победата на фаворитот, меѓутоа Микел Артета се соочи со две повреди уште во
воведниот дел од пресметката, и не само тоа, остави низа прашања во врска со
Месут Озил, кој освен што не се најде во почетниот тим, туку воопшто го немаше
ниту во составот.

По мечот, Артета
даде кусо објаснување за таа негова одлука, наведувајќи дека се работи за
одлука од тактичка природа, меѓутоа во најновото објаснување шпанскиот
фудбалски стратег е нешто поконкретен на оваа тема.

Бев многу
отворен со Месут ден претходно, сметав дека е подготвен, а воедно и со желба да
игра на ниво на кое тој знае и умее
“ вели Артета.

Во моментот кога
тој ќе биде подготвен да го стори тоа повторно, јас ќе го третирам како и сите
други во тимот, бев многу фер и коректен со него, а тој возврати на многу натпревари
на начин на кој јас посакувам, тоа е тоа
“ додаде Шпанецот.

Изминативе
неколку седмици многу работи му се случија, јас го почитувам тајмингот на
фудбалерот, понекогаш им е потребно повеќе време, повторно ќе наведам дека јас
сум првиот кој го посакува Месут на неговото најдобро ниво, ќе го внесам на
теренот кога ќе бидам сигурен во тоа дека тој може да го даде најдоброто од
себе
“ заклучи Артета.

Запрашан за тоа
каква била реакцијата на Озил откако дознал дека ќе биде изоставен од составот,
Артета сугерираше на тоа дека реакцијата на Германецот била коректна, без
никаков проблем, додавајќи дека конверзацијата помеѓу нив двајца е јасна и пред
се
отворена, меѓутоа Озил на
социјалните мрежи испрати „шифрирана“ порака, во стилот „Без оглед на се
“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×