Артета се жали за двојни аршини, смета дека фаулот над Ериксен бил мек

by
1 минути читање

Мартинели даде гол, но ВАР го поништи, судијата ја гледаше снимката и одлучи дека Ериксен бил фаулиран од Одегард.

„Нема конзистентност. Што е мек фаул? Минатото коло, Астон Вила даде гол кога требаше да има фаул врз Арон Рамсдејл, но тоа беше оценето како мек фаул и не беше досуден фаул“, вели Артета.

„Потоа имаше пенал врз Сака, но тоа беше оценето како меко, не беше пенал. А денеска тоа што се случи е фаул“.

„Имаше некои силни дуели и немаше жолт картон за тоа бидејќи се работи за големо ривалство и е голем меч. Тешшко е да се прифати“.

Со судиите не се согласува ниту Одегард кој го направи фаулот.

„Според мене тоа апсолутно не е фаул. Судијата го виде тоа и дозволи играта да продолжи. Тоа мек дуел и потоа реагираше ВАР и одлуката требаше да биде променета“, вели Одегард.

„На камера секогаш може да се направи да изгледа полошо, но според мене тоа не беше фаул, фрустрирачки е тоа што се случи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×