Артета полн со самодоверба пред ПСЖ: „Ова е моментот да покажеме кои сме!“

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал ќе се соочи со Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако со две победи го елиминираше Реал Мадрид. Лондончани сонуваат за прво европско финале по повеќе од две децении, а пред првиот натпревар на „Емирати“, Микел Артета ги сподели очекувањата.

Ова е веројатно еден од најголемите натпревари што ги има видено ’Емирати’ откако е изграден. Енергијата и ентузијазмот се чувствуваат насекаде. Сакаме да направиме нешто посебно, ова е моментот да покажеме кои сме како тим и како индивидуалци“, изјави Артета.

Арсенал сезонава веќе се избори со сериозни предизвици и се најде меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Артета верува дека тимот има квалитет за уште еден чекор напред.

Во четвртфиналето двапати го победивме Реал Мадрид. Мислам дека тоа доволно зборува. Ова е убава приказна, но сакаме уште повеќе“, додаде стратегот на Арсенал.

Првиот натпревар се игра вечерва во Лондон, додека реваншот е следната недела во Париз. Во второто полуфинале ќе се сретнат Барселона и Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани