Артета: Најдобра ноќ во мојата кариера, никогаш не сум бил погорд на моите фудбалери!

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал го доби двомечот со Реал Мадрид со вкупни 5-1 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Тимот од Лондон вторпат го надигра европскиот првак и му ја симна круната. Микел Артета беше презадоволен од прикажаното на своите фудбалери, ги пофали и призна дека ова му е најдобра ноќ во кариерата.

Веројатно никогаш не сум бил погорд на моите фудбалери од денес. Тоа не е така само поради пласманот во полуфиналето, туку поради околностите, бројот на повреди кои ги имавме и како го одигравме двомечот. Ова е една од најубавите ноќи во мојата фудбалска кариера. Навистина е специјално против тим кој е многу важен во натпреварувањето. Да се победи на овој начин… Мора да бидам горд. Чувствував во подготовката дека мојот тим може да се носи со било кој ривал. Ова е голем чекор. Сепак, морам да признаам дека уште по првите три минути во натпреварот дека на овој стадион сè може да се случи“, изјави Артета.

„Топчиите“ по 16 години се вратија меѓу четирите најдобри во Европа. Таму ги очекува двомеч против екипата на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани