253
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Микел Артета сака да го скрати составот и до крајот на месецот Арсенал би можел да се раздели со 5 играчи.
„Топчиите“ донесоа само едно засилување ова лето, пристигна Рикардо Калафиори. Клубот од Сверен Лондон е пред ангажман и на Микел Мерино од Реал Сосиедад, и веројатно тука ќе заврши кога се во прашање новите фудбалери.
Но Микел Артета сака да го крати составот и до крајот на месецот Арсенал би можел да се раздели со 5 играчи.
На излезна врата се Арон Рамздејл, Јакуб Кивиор, Киран Тирни, Рис Нелсон и Еди Нкетија.
Од Емирати ова лето веќе си заминаа Нуно Тавареш и Самби Локонга на позајмица, а Емил Смит Роу беше продаден на Фулам.