„Топчиите“ во
моментов се на врвот на табелата со два бода повеќе од Манчестер Сити, газдите
сакаат да го задржат сонот за титула во Премиерлигата па Микел Артета ќе добие
солиден буџет за зимскиот трансфер пазар.
Како што
пренесува Сан, тренерот на Арсенал ќе има на располагање 50 милиони фунти и ќе
се обиде да ангажира фудбалер од средниот ред и крило.
Се говори дека клубот
од Северен Лондон ќе го обнови интересот за Данило од Палмеирас како и Михајло
Мудрик од Шахтар, за кого интересот се зголемува од недела во недела по
одличните партии во Лигата на шампиони.
Арсенал
изминатово лето одвои околу 130 милиони фунти на играчи како Габриел Жесус,
Фабио Виеира, Олександр Зинчеко, Мет
Тарнер и Маркињос.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.