Нејасно е дали Давид Луиз ќе остане во Арсенал или ќе замине, неговата иднина беше неизвесна пред мечот со Сити, многумина веруваат дека ако раководството на клубот се двоумело дали да го задржи по тој меч одлуката треба да биде јасна. Дефанзивецот имаше очајно издание, а добива голема плата, па реална би било одлуката тој да си оди.
По мечот со Сити, Давид Луиз се извини и ја презеде вината за поразот со емотивен говор.
Артета му дава поддршка на Давид Луиз и вели дека ќе се залага за негово останување, но одлуката ја носи клубот.
„Не знам дали ќе остане. Тој е многу отворен, лидер е и сигурен бев дека ќе зборува пред сите за натпреварот. Слушнавте што кажа, беше директен и со нас исто така. Тоа го ценам кај него и тоа го сакам. Треба да бидеме фер со него“, вели Артета.
„Јас лично ќе го бранам него со се што можам бидејќи верувам во него. Тој ми покажа многу работи овој период тука и кариерата зборува за него“.
„Добро, не можеме да ја заборавиме финансиската ситуација. Начинот на кој ковид-19 удри по секој клуб и економијата генерално, ќе има влијание на одлуката“.