Aртета избрал ново засилување, Арсенал испратил понуда за дански репрезентативец

by Стефан
1 минути читање

Англискиот премиерлигаш Арсенал отвори преговори за ангажман на данскиот репрезентативец и фудбалер од средниот ред, Кристијан Норгорд (31), објавуваат островските медиуми. „Топчиите“ веќе испратиле официјална понуда до Брентфорд која изнесувала околу 10 милиони евра, но се очекува дека клубот ќе побара повисока отштета, а разговорите ќе продолжат во следните денови.

Во Арсеннаал во него гледаат замена за Томас Парти, кој најави заминување од „Емирати“. Доколку се реализира трансферот, Данецот ќе добие шанса да направи голем чекор напред во кариерата, што и самиот го посакува.

Фудбалерот на Брентфорд е дел од клубот од 2019 година, кога пристигна од Фиорентина за 3,5 милиони евра. Во изминатата сезона настапи на 35 натпревари во сите натпреварувања, носејќи ја капитенската лента, а постигна шест гола и додаде четири асистенции.

За репрезентацијата на Данска дебитираше во 2020 година и досега има 35 настапи и еден погодок во националниот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×