Артета има големи планови, двајца искусни фудбалери го засилуваат Арсенал?

by
1 минути читање

Вилијан е слободен фудбалер и се верува дека нема да го продолжи договорот со Челси но нема и да го смени местото на живеење, ќе остане во Лондон. Негов нов тим треба да биде Арсенал.

Стигнуваат информации дека Артета го сака и Филипе Кутињо во кој гледа клучна улога во неговиот систем 4-3-3.

Се верува дека Барселона му го понудила Кутињо на Арсенал за само 10 милиони евра плус Матео Гендузи кој и онака е отпишан од тефтерот на Артета.

Проблем е само платата на Кутињо кој во Барселона заработува повеќе отколку што Арсенал може да му понуди.

Сепак се верува дека двете страни можат да најдат заеднички јазик и зделката да биде договорена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×