1,2K
Во вторник Арсенал го пречекува ПСЖ во првото полуфинале од Лигата на шампионите, а Микел Артета ја истакнува исклучителната важност за овој натпревар.
Тој сака фановите да направат жешка атмосфера и да му помогнат на тимот да го искористи домашниот терен и да се стекне со предност пред реваншот.
„Сакам да им кажам на нашите фанови дека против ПСЖ треба да ја играат секоја топка со нас“, вели Артета.
„Донесете ги вашите копачки, вашите костобрани, вашите шортсеви, вашите дресови!“.
„Ајде да играме во вторник сите заедно тука и да ја имаме една од најневеројатните ноќи на Емирати“.